Црвен крст Делчево се вклучи во одбележувањето на Неделата за борба против срцеви заболувањa

Општинската организација на Црвен крст Делчево се вклучи во одбележувањето на Неделата за борба против срцеви заболувања. Во рамки на активностите во централното градско подрачје волонтерите од Црвен крст почитувајки ги мерките за заштита од Ковид-19 делеа едукативни флаери за подигање на свеста за ризиците и заштитата од срцеви заболувања.

Традиционално и оваа година од 21-28 Февруари ја одбележуваме Неделата на борба против срцевосадови заболувања, низ силната симболика на слоганот  „Здраво срце, среќно срце!” По тој повод волонтерите од нашата општинска организација делеа информативно – едукативни флаери на ѓраѓаните со цел да се подигне свеста за сериозноста на болестите на кардио-васкуларниот систем, истакнаа од ОО Црвен крст Делчево.

На оваа тема д-р Стефанија Атанасова Јовановска одржа и видео предавање кое може да го погледнете овде

Од Општинската организација на Црвен крст Делчево додадоа дека активностите неделава продолжуваат со крводарителски акции кои ќе се одржи претстојниот четврток во Делчево и М.Каменица.

-Во четврток и петок 4 и 5 март.2021 година од 9:30 до 14:30 часот во Делчево и Македонска Каменица ќе се одржат редовните крводарителски акции за месец март, за што ги повикуваме сите крводарители кои сакаат да даруваат крв да дојдат и да дадат голем придонес за здравјето на населението, a воедно ги покануваме и сите ученици кои наполниле 18 години да ја покажат својата хуманост и да даrуваат крв, додадоа од ОО Црвен крст Делчево.

На крводарителската акција како што дополнија ќе се применуваат сите протоколи и препораки за заштита од Ковид 19.

Повеќе за денешниот настан овде

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*