Вљубениците во мото-крос спортот од Делчево ја остварија најавата за формирање сопствен мото клуб „Ендуро Тим“, кој во иднина ќе функционира како здружение. Претседателот на клубот Виктор Стојановски информираше дека „Ендуро Тим“ засега брои 20 членови и негова главна цел ќе биде промоција на адреналинскиот спорт кој досега го немаше во Делчево.
-Нашето здружение брои околу 20 члена, сите љубители на мотокросот. Здружението е формирано со цел да го промовираме Пијанечко-малешевскиот регион, како и да промовираме еден адреналински спорт кој го нема во нашата општина, која располага со голем број на ресурси, односно природни реткости, знаменитости локалитети од кои некои можат да се посетат само со мотор. Исто така сакаме да се дефинираме како една организирана група која ќе се придржува кон законските и моралните норми во сообраќајот. Сигте оние кои нема да ги почитуваат долуките на клубот ќе бидат санкционирани и исфрлени од здружението, со тоа што сами ќе си одговараат за направените прекршоци, истакна Стојановски.
Плановите на здружението се да се направи сопствена мотокрос стаза на која клубот ќе ги реализира активностите преку организирање мото-крос ден во Делчево.
-Исто така имаме некои планови и активности со кои сакаме да стапиме во контакт со локалната самоуправа да ги зацврстиме контактите кои ги имаме со останатите клубови од државата, како во регионот и државата така и пошироко во странство, каде исто така сакаме да се развиваме, додава Стојановски.
Според плановите, промоцијата на општината, клубот еднаш месечно ќе ја реализира преку посета на ретки локалитети, кои малку и се познати на јавноста.
-Околу тоа е планирано еднаш месечно да правиме видео репортажа во која ќе биде опфатена посетата на разни локалитети, природни реткости, споменици на природата и природни ресурси со кој располага нашата општина, со што ќе го промовираме овој наш Пијанешко-малешевски регион, за кој мислам дека е недоволно истражен. Се надеваме на добри резултати на тоа, и се надеваме во тие наши напори дека општината ќе застане позади нас, со тоа што ќе ни помогне во некои активности, додава претседателот на Ендуро тим Делчево.
Во однос на убавините на Пијанечко-малепевскиот регион Стојановски додава дека е предизвик да се вози низ овој предел, бидејки изобилува со убава природа и средно високи планини кои се идеални за развој на овој спорт.
-Пијанечко малешевскиот регион изобилува со многу убава природа, прекрасни терени за возење бидејки планините се средно високи планини. Како некои од примерите ќе ги наведам планината Голак која е доста добра дестинација, планината Средна, исто така возењето кон Пехчево, пограничниот премин по кој послабо се движиме од безбедносни причини, пределот накај Сива кобила, пределите над селата Бигла, Разловци, Тработивиште Вирче, тоа се прекрасни предели кои треба да се истражат, додава Стојановски.
Клубот „Ендуро Тим“ е отворен за нови членови и за прием на мото-таленти кои немаат услови, а сакаат да научат да возат мотор.
-Најосовно е да се има желба да се вози мотор, тоа е остварливо ако не за година-две, некогаш и повеќе, тоа е остварливо. Во таа насока отворени сме за секој оној кој сака да стане член на Ендуро тим Делчево. Тие што моментално сме дел од клубот силно се залагаме за подобра иднина на клубот. Има деца со голем потенцијал од кои планираме да инвестираме во нив и да ги поддржуваме. целта ни е исто така да станеме членови на Мотоциклистичката федерација на Македонија, со што тие деца ќе можат да се натпревраруваат во име на тимот како во земјава така и во странство. Воедно сите оние наши членови кои не се моќни финансиски, а имаат потенцијал, клубот планира да застане зад нив, да им помогне да влезат во натпреварувачки води. Моментално значи сите кои сакаат да се зачленат, вратите се отворени, пристапница за членство е 1000 денари, за кои ќе го следува голем број на реквизити, како дуксер со логото на Ендуро тим, капа маица и други потребни аксесоари кои се неопоходни за мотокросот, додава претседателот на новоформираното здружение.
Во рамки на првиот настан кој беше организиран по повод формирањето на здружението, клубот доби поддршка од десетина фирми и спонзори.
-За почеток има доста фирми кои сакаат да инвестираат во овој спорт и се појавуваат како спонзори. Логото на фирмите кои уште на почетокот се со нас веќе може да ги видите насекаде низ оваа патека во село Габрово и и мислам дека ќе има доста фирми кои Ендуро тим ќе ги рекламира и ќе му бидат поддршка на клубот, додаде Стојановски.
Во рамки на промоцијата на клубот која се реализираше кај месноста Панови Трли над село Габрово поддршка на мото-клубот „Ендуро Тим“ поддршка на своите колеги им изразија и колегите од офф-роад клубот од Берово и Ретро-кар „King’s of the road“ од Делчево.
-Морам да изразам задоволство што не поканија да учествуваме на промоцијата на клубот на која бевме повикани претседателите без членови поради мерките за заштита. Иако е во време на пандемија на корона, се гледа дека пак има присутни во доволен број кои ги почитуваат мерките. Секоја иницијатива што се однесува за офф-роад и спортот е одлична. Го поздравувам клубот Ендуро, се надевам дека овааа натпреварувачка стаза ќе вроди со еден плоден момент, со тоа што овој спорт ќе се развие. Се надеваме дека стазаата ќе се прошири и ќе добие еден размер на поширока рамка, барем во македонска рамка со цел да се дружиме и да го негувам офф-роад спортот, истакна Зоран Мазновски од беровскиот офф-роад клуб.
-Соработката меѓу нашите здруженија ќе биде на високо ниво. Како Ретро-кар клуб постоиме подолго и тука ќе бидеме секогаш да им помогнеме на Ендуро тим кога и да им притреба помош, секогаш ќе застанеме позади нив. Тоа е второ здружение во Делчево и е одлична презентација на Делчево. Наскоро има најава и за формирање на сопственици на офф-роад возила од Делчево. Со ова Делчево покажува дека градот живее и во споредба со некои поголеми градови, на ова поле е далеку понапред, рече Лоренцо Трајановски, претседател на Ретро-кар клубот „King’s of the road“ од Делчево.
Во продолжение погледнете ги изјавите и подготвениот видео-материјал од промоцијата по повод формирањето на мото-клубот „Ендуро Тим“ од Делчево.
Leave a Reply