Тренчовски: Општината активно работи на подобрување на енергетската ефикасност во Пехчево

По повод Меѓународниот ден на енергетската ефикасност, градоначалникот на Општина Пехчево ги презентираше реализираните проекти при што истакна дека Општина Пехчево во изминатиот период има доста вложувања во тој поглед. Меѓу позначајните проекти го наведе инсталирањето на фотоволтаични панели во три установи во градот.

-Ние како општина имаме вложено многу во тој поглед, имавме одобрено поставување на фото волтаични панели на три јавни објекти, училиштето, градинката и спортската сала. Заштедата е од огромно значење за овие три јавни објекти во сопственост на општина Пехчево. Со средства од генералниот секретаријат ги променивме и вратниците во Општината, со што сметам дека со таа промена се дојде до подобра енергетска ефикасност на самиот објект.

За подобрување на оваа состојба како што додаде ќе влијае и продажбата на земјиште за изградба на фотоволтаици.

-Вложуваме и во тој поглед. Продадовме земјиште од 3 хектари, во истиот предел многу скоро ќе оди на продажба ново земјиште од 10 хектари што сметам дека е од особено значење во тој поглед. Паралелно ги следиме сите програми за да можеме да вложиме максимално во нови извори на енергија, кои се повеќе се тренд, не само кај нас, туку и во светот, додаде Тренчовски.

Подобрувањето на енергетската ефикасност дополни Тренчовски е од особена важност за зачувување на животната средина.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*