
Новоформираното здружение Мото клуб „Enduro Team“ Делчево денес додели 150 каранфили по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, упатувајки порака жените и понатаму да продолжат да се борат за своите права со цел да бидат уште порамноправни со мажите.
-Жената има свои права исто како и мажите посебно во нашиот град, ги има на разни фиункции и за овој ден им упатуваме еден апел да се борат за своите права и понатаму бидејки тие ги заслужуваат истите права како и мажите, истакна претседателот на клубот Виктор Стојановски.

Во меѓувреме клубот продолжува со своите редовни активности за промоција на Делчево како примамлива туристичка дестинација.
Leave a Reply