Банкнота од 50 евра повторно „популарна“ кај фалсификатори од Делчево!

 Малолетник од Делчево пуштал во оптек фалсификувани банкноти во продажни објекти во Македонска Каменица. Во неговата намера му помагало друго лице од делчевското село Град со престојувалиште во Италија. По откривањето на случајот против двете лица од страна на делчевската полиција е поднесена кривична пријава. 

-ОВР Делчево поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од Делчево и против Б.И. од делчевското село Град со престојувалиште во Италија. Во периодот од 25.10.2020 до 27.11.2020 малолетникот набавил и држел кај себе повеќе фалсификувани банкноти во апоени од 50 евра, од кои четири пуштил во оптек во продажни објекти во Македонска Каменица, информираат од ОВР Делчево.  

При понатамошен претрес во нивните домови полицијата пронашла и одземала 35 банкноти.   

-Притоа Б.И. земал една фалсификувана банкнота од малолетникот и ја дал на друго лице, кое не знаејќи дека е фалсификувана ја пуштил во оптек во продажен објект во Делчево, се додава во информацијата од ОВР Делчево.  

Двете лице се товарат поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. 

Информацијата е пренесена од денешниот полициски билтен:

https://mvr.gov.mk/izvadok-od-dnevni-nastani/2168

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*