Нова пешачка и вело патека за спој на улиците „Борис Кидрич“ и „Гоце Делчев“ во Берово

Во Берово се гради нова пешачка и вело патека. Градежните активности како што информираа од општината се реализираат на потегот помеѓу улиците Гоце Делчев и Борис Кидрич кои со изградбата на пешачката патека меќусебно се поврзуваат.

-Се гради пешачката и вело патека како спој на овие две улици. Градежните активности за изградбата на патеката се реализираат во рамките на програмата за реконструкција на локални улици и патишта. Целта е со изградбата на оваа улица да се олесни пристапноста на жителите од овој дел на градот кој ќе добијат соодветна инфраструктура и подобар квалитет на живот, истакнаа од Општината.

Оттаму додадоа дека паралелно општината работи и на пролетното уредување на градот.

-Во пресрет на пролетта, Општина Берово, во соработка со ЈПКР „Услуга”, започна со кастрење на дрвјата на јавни површини.  Притоа, со кастрење на дрвјата е започнато на пофреквентните улици, а во престојниот период ќе се продолжи, секаде каде што е потребно. Со кастрењето на непотребната вегетација, се овозможува непречено одвивање на сообраќајот, прегледност во вечерните часови и непречено снабдување со електрична енергија, додадоа надлежните од Одделението за јавна чистота во Берово.

Од општината дополнија дека за изградба на вело-пешачката патека од општинскиот буџет се издвоени 247 илјади денари. увид врз градежните работи изврши и градоначалникот Звонко Пекевски кој пред извесно време најави интензивна градежна активност на подрачјето на Општина Берово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*