
Реализирана традиционалната акција за порибување на река Брегалница во Делчево. Активноста која се одвиваше во присуство на претставници од надлежниот инспекторат, ја реализираше Спортско-риболовното друштво „Брегалница“, чии членови како што информираше претседателот Ванчо Стојмирски и годинава направија напори да се збогати рибниот фонд во реката.
-И оваа година нашето спортско-риболовно друштво изврши порибување на река Брегалница со поточна пастрмка која е набавена од репроцентарот Акватика Неготино. На порибувањето на лице место присуствуваа и претставници на Државниот инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство. Се надеваме дека и во иднина со поддршка на фирмите кои и денес ни помогнаа ќе ја продолжиме оваа акција за порибување, рече Стојмирски.

Спортското-риболовно друштво и покрај не добивањето концесија реши да изврши порибување со поточна пастрмка и притоа апелираше до спортските риболовци и рибократците истата да не ја заловуваат.
-Ние немаме концесија на река Брегалница но смогнавме сили и го извршивме ова порибување. Поради ова апелираме до спортските оваа риба што е пуштена да не ја изловуваат, за да ја има повеќе од оваа сорта, додаде Стојмирски.

Активноста за порибување спортските риболовци од Делечво вообичаено ја реализираат за празникот Водици, но поради мерките за заштита од коронавирус порибувањето беше одложено за денес.
Leave a Reply