Поради дефект жителите од делчевската населба Студена чешма без вода за пиење

Жителите од делчевската населба Студена чешма и местата во близина на влезот на Делчево од утрово се без вода за пиење. Причината како што информираа од Јавното претпријатие за комунална дејност ,,Брегалница” е дефект на главната водоводна линија.

-Поради дефект на главна водоводна линија која минува покрај Палтекс, денес 12.03.2021, ќе има прекин во водоснабдувањето кај корисниците кои се снабдуваат од таа линија. Ова се однесува на корисниците од Студена Чешма и околните фирми кои се приклучени на водоводната линија, информираа од ЈПКД ,,Брегалница”.

Додадоа дека нормализирањето на водоснабдувањето се очекува до 10 часот.

Од комуналното претпријатие воедно информираат дека деновиве е утврден и конечниот нов распоред за собирање отпад од домаќинствата.

-Согласно новиот распоред за собирање отпад, секој понеделник отпадот ќе се собира од населбите, Басарица, Полето и Милково Брдо, во вторник продолжуваме во населбите Ново Делчево, Центар и Звегорска река. Во среда отпадот ќе се собира од населбите Стрелиште, Стар Монопол, Први и Втори реон и улиците Маршал Тито и Пролетерска, додека четвртокот ќе биде ден за населбите Трети реон, Стар расадник (главни улици), Кеј на Брегалница, Велко Влаховиќ, Првомајска, Партизанска, информираа од претпријатието.

Селските средини со собирањето отпад ќе бидат опфатени секој петок кога согчасно распоредот отпадот ќе се собира од селата Разловци, Тработивиште, Град, Ѕвегор, Габрово, при што како што додадоа ќе бидат опфатени и дел од улиците во населбата Стар расадник и населба Пролет.

За повеќе информации следете не на социјалните мрежи

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*