Во делчевските деветолетки распределена донацијата од лап-топи од организацијата „Македонија 2025“

Во двете делчевски деветолетки денес дистрибуирани лап-топите донирани од организацијата „Македонија 2025“, а се наменети за учениците кои не се во можност да следат он-лајн настава. 

Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски кој им ги додели лаптопите на учениците потенцираше дека донацијата ќе помогне на ученици од социјално загрозени семејства да следат онлајн настава.  

-Донацијата  се состои од 6 лаптопи, од кои 5 лаптопи се наменети за ученици од деветолетката „Ванчо Прке“, а 1 лаптоп за деветолетката „Св.Климент Охридски“.вСтанува збор за донација од 6 (шест) Тесла лаптопи, во вкупен износ од 80.000 денари. Примените лаптопи ќе се распределат на ученици од двете основни училишта кои немаат уреди за следење настава врз основа на подготвената листа на искажани потреби на Министерството за образование и наука на РСМ, истакна Трајковски.  

Освен за ученици од Општина Делчево, организацијата „Македонија 2025“ во координација со МОН во источниот регион обезбеди лаптопи и за ученици од општините Берово и Пехчево.

Средствата за купување на опремата во износ од 12.000 канадски долари беа собрани преку интернет- кампањата за донации „No child left offline”, од индивидуални донатори со македонско потекло од повеќе земји.  

„Македонија 2025“ е неполитичка организација со примарен фокус на економски и лидерски развој, која соработува со бизнис- секторот, Владата и академијата, со цел генерирање можности и градење капацитети за економски раст, на тој начин помагајќи во градењето на посилна нација.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*