Асоцијација Алзас од Франција ќе донира медицинска опрема за неколку установи во Берово

Асоцијација Алзас од Франција ќе донира медицинска опрема за неколку установи во Берово. Од општината информираат дека активноста е дел од соработката со хуманистот Жак Шлеф благодарение на кој е обезбедена донација за Здравствен дом Берово и Домот за стари лица д-р Иван Влашки.

-Камионот со медицинска опрема тргна од Франција, а се очекува до крајот на неделата, или најдоцна почетокот на наредната, донираната роба да пристигне во Берово. Донацијата се состои од ренген машина за снимање на заби,  различни помагала, колички, душези и друг вид медицинска опрема, информираа од Општината.

Голема благодарност за донацијата, упати и градоначалникот Звонко Пекевски кој очекува со истата да се унапредат услугите кои овие институцици ги пружаат кон граѓаните.

-Ова ќе значи унапредување на општинските услуги, а корисниците на услугите во Домот за стари лица, во Берово, ќе добијат уште подобар третман, додаде Пекевски.

Од општината воедно информираа дека реконструкцијата на Третата ламела во Домот за стари лица е завршен со што истиот ќе овозможи проширување на капацитетите на установата за 10 нови корисници. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*