Светскиот ден на литература за деца одбележан во Делчево

Во Делчево одбележан Светскиот ден на литература за деца. Активноста се реализираше на иницијатива на Јавната локална библиотека „Илинден“ која по повод значајниот датум во делечвската деветолетка „Ванчо Прке“ подари книги со детска литература за учениците од пониските одделенија.

-Дали се сеќавате која книга ви била омилена кога сте биле дете? Дали сеуште се сеќавате на убавите сликовници од вашето детство? Денеска е вистински ден да се потсетиме на книгите од нашето детство, да купиме или изнајмиме книга за нашите најмали. Денес се одбележува светскиот ден на литературата за деца. А да се твори за децата е огромна одговорност. Денес слават и авторите и илустраторите на книгите за деца. Славиме и сите ние кои сакаме љубовта кон пишаниот збор да ја пренесеме на децата. По повод 2 април светскиот ден на литературата за деца, ЈЛБ „Илинден“ на учениците од прв о одделение од ООУ „Ванчо Прке“ им подари сликовници и боенки. Убаво е кога се дружиме со децата и кога уживаме во нивните убави и искрени насмевки, рече Петровска.

Од деветолетката „Ванчо Прке“ изразија голема благодарност за донацијата од ЈЛБ „Илинден“.

-По повод Светскиот ден денеска во нашето училиште се одржа свечена манифестација со учениците од прво одделение на кои директорката Биљана Петровска им додели литература за деца со фломастери, боенки, боички кои че бидат искористени на часовите по литература, рече наставничката Соња Стојковска.

Од библиотеката најавија продолжување на соработката со Општинското основно училиште „Ванчо Прке“, најавувајки повеќе вакви активности во иднина

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*