Ликовната колонија „Ѓуриште“ претставена пред љубителите на уметноста во Делчево

Ликовната колонија „Ѓуриште“ со свои дела,  претставена пред љубителите на уметноста во Делчево. Ликовната изложба е во организација на Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ и ќе биде отворена до 13 април 2021.

-Денес пред делчевската публика ги изложуваме делата од ликовната колонија ,,Ѓуриште” од Свети Николе. Имаме вкупно 24 дела акрил на платно од професионални дела од професионални уметници, сите со различен мотив претставени. Изложбата со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19 може да се види секој работен ден до 15 часот до 13 април годинава, истакна Александар Белогаски, од Центарот за култура во Делчево.

Додаде дека во наредниот период очекува  повторно да профункцинира ликовното атеље „Љубомир Белогаски“

-Атељето функцинира како дел од работата на нашиот Центар за култура и преку него младите ликовни таленти можат да ги покажат своите способности. Ќе отпочнеме со работа со првото ублажување на мерките за заштита од Ковид-19, додаде Белогаски.

Во рамки на настанот директорот на установата ги претстави предвидените проекти за реализација кои се поддржани од Министерството за култура.

Во наредниот период Центарот за култура „Н.Ј.Вапцаров“ од Делчево планира уште две ликовни изложби на кои со свои дела ќе се претстават уметници при Домот на култура од Неготино како и друди самостојни уметници од државата.

Изјавите од отворањето на изложбата во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*