Во потрага по подобар живот во Германија ја пронашле љубовта на својот живот

Во потрага по подобар живот во Германија ја пронашле љубовта на својот живот. Ваква е приказната на скопјанката Видосава Георгиевска и Марјан Ефремов од Пробиштип, кои заеднички ги врзува иселеникот Бошко Васев, посредник за работа кој потекнува од Делчево, а зачекорил по патот на успехот во Бретен, мал град во Германија кој е дел од еден од најбогатите региони Баден-Буртенберг, каде многу иселеници од овој крај успеале да се снајдат во една од најмоќните економии во Европа. 

Првиот контакт со Васев, Марјан го прави пред околу 2,5 години, а пред една година слушајки за услугите кои ги нуди делчевскиот иселеник, помош при престојот во Германија од него побарала и Видосава. По игра на случајот Видосава и Марјан се запознаваат токму на негова иницијатива, а потоа започнале врска која прераснала во нешто посериозно.

-Се познавам со Бошко можеби повеќе од една година, дознав за него од мои блиски пријатели кои имаа слушнато преку други нивни пријатели, Карактерно многу добро се поклопивме, многу ми помогна се уште ми помага, моментално сме тука затоа што ми помогна да ја најдам дури и љубовта на мојот живот. Сосема случајно, мојот иден сопруг со македонски пасош е дојден преку него во Германија, му помогнал и на него за да се среди нели со визи со работен смештај како и на мене и сосема случајно дојде ситуација да ние се запознаеме и огромна поддршка имавме од господинот Бошко, истакна Георгиевска.

Како најголем виновник за нивното запознавање Васев им станува кум, а бидејки во Германија повеќе од 7 месеци не работат угостителските објекти, Видосава и Марјан решиле нивната веридба да ја направат во Македонија.

-Го поканивме за кум затоа што тој е причината како ние всушност се запознавме, да не беше тој немаше да се запознаеме. Марјан е од Пробиштип јас сум од Скопје и како што е обичајот веридбата ја правевме во Пробиштип, а господинот Бошко заедно со неговата пријателка Далиборка ни станаа кумови, вели Георгиевска.
И двакцата со момчето се децидни дека работата и престојот во Германија ги задоволил нвините очекувања за подобар живот.

-Јас завршив економски факултет, работев сметкододство во Скопје, меѓутоа искрено, како да ви кажам се демотовирав околу тоа „колку се работи“, а „каква е платата“. Нормално има и други пропратни други елементи околу здравствено и пензиско осигурување, така да кога човек ќе подразмисли за во иднина, ќе си рече „овде не е за мене“. Авантурист сум по природа, тоа можеби и дополнително придонесе да го побарам сега веќе нашиот кум, сосема случајно ете по случаен пат и да заминам во Германија. Нема споредба, како да ви кажам, да вистина е, можеби многу се работи, но она што ќе се заработи, е доволно да може човек да си приушти многу повеќе, отколку во Македонија, децидна е Георгиевска.

Се осврна и на пандемијата и нејзиното влијание на нивната работа во овој период додека трае пандемијата.

-Како и кај сите, како и во Македонија, така и во Германија се почувствува дека има некоја криза, има многу мерки, многу затворања, можеби не останаа толку без работа, луѓето ги ставија во скратено работно време, но иако е криза, сепак нема споредба со Македонија. Поради ова ќе порачам на оние кои планираат после кризата сериозно да работат во Германија да ги побараат луѓето како Бошко, бидејки тоа се луѓе на кои можете комплетно да се потпрете. Лично мене тој ми е комплетна потпора, дури и кога било најтешко, посочи Георгиевска.

За своите почетоци и работата во Германија се осврна и нејзиниот сопруг Марјан кој е вработен во фирма која нуди услуги со возила за патување.

-Јас пред две ипол години дојдов во Германија, каде заминав од причина што во Македонија, не бев ценет како работник, едноставно не бев платен доволно. Македонија како држава е добра, но проблем е тоа што не е платен народот кој е револтиран и „бега“, исто како што избегав и јас. Случајно дознав за Бошко кој многу ми помогна да се снајдам на почеток. Со Видосава, сега веќе мојата сопруга, тој не спои, понатаму се беше лично меѓу нас. Благодарни сме што ни ја укажа честа да ни биде кум. Лично само за нас дојде во Македонија да направиме некоја традиција и обичај во однос на веридбата, се организиравме за недела време и повторно се враќаме во Германија. Оваа држава е добро место за живеење, тоа се покажува и во однос на моменталната ситуација во која се гледа дека има држава која се грижи за вас. Пандемијата на ист начин функционира, некои луѓе иако се останати без работа, имаат нормални придонеси кои ги следуваат, за се што им е потребно, додава Ефремов.

На приказната за оваа среќна двојка се осврна и самиот иселеник Бошко Васев кој рече дека му е чест да биде кум на добри луѓе кои успешно зачекориле во потрагата по подобар живот во Германија.

-Дојден сум во Македонија да бидам кум на едни прекрасни луѓе. На младоженецот Марјан, пред две ипол години му подадов рака, за да се „топ“ интегрира во Германија, а пред извесно време ме побара и Видосава Георгиевска од Скопје и така им помогнав да се пронајдат меѓу себе. Потоа ме побараа да им бидам кум, а јас такво нешто не одбивам, бидејки како велат „Господ е на небото, кумот на земјата“. Има многу вакви примери, нешто слично планиравме минатата година за 8 мај, за момче и девојче од Крива Паланка и Пробиштип, но поради пандемијата, пропадна во вода, вели Васев.

Тој нагласи дека ваквите приказни се чести во Германија и се случуваат повремено, додека луѓето ја бараат неговата поддршка. Додаде дека како човек кој долги години е во финансиската „бранша“ најмногу е баран, од работници, кои на долг рок сакаат да си ја пронајдат својата егзистенција во една од најбогатите европски земји.

-Јас лично не сакам ова да биде реклама, бидејки не е потребно, а и премногу луѓе ме бараат на различни полиња. Јас самостојно во финансиската бранша работам преку 30 години. Посредуваме со осигурување, поврат на данок и слично. Затоа сакам да кажам, мене ако некој планира да ме бара, сакам тоа да биде човек кој е спремен да се интегрира во таа држава, да ја прифати таа дисциплина. Доколку пак мисли да ме бара за кратковремено тоа не е можно, бидејки има многу други такви посредници. Мојата цел е кој дојде овде, силно да зачкори по патот на успехот во Германија, додаде Васев.

Пандемијата, како што дополни оставила белег во неколку сектори во Германија. За пример ја наведе неговата пријателка од Хрватска, која работи „кетеринг“ услуги, но поради пандемијата морала да ја преориентира работата онлајн.

-Во суштина во однос на мојата работа нема големи промени, и тука секако постојат мерки, луѓето кои доаѓаат мора да вадат тестови., но за последните 13-14 месеци нашата компанија поуспешно функционира, во однос на претходниот период. Мојата пријателка од Хрватска, која успешно работи „кетеринг“ сервис, повеќе од 12 месеци нема никакво побарување, исто така туризмот е во стагнација, нема веселби, гастрономијата е комплет затворена, вели Васев.

Дециден е дека по завршувањето на пандемијата ќе расте побарувачката за работна рака во Германија, особено во делот на медицината и градежништвото.

-Во Германија најмногу потреба има од медицински работници, се бараат отсекогаш, тоа е голем дефицит, за работа во старечки домови, работа како доктори и слично. Инаку најмногу традиционално побарувачка има од сите профили во градежништвото, што дополнително ќе се покаже по завршувањето на ковид-кризата, додава иселеникот од Делчево.

Потеклото на Васев е од село Бигла, каде во минатото во популарното Црвенџиско маало ја организираше популарната Црвенџиска средба која започна токму на негова иницијатива, како последен член во семејството Црвенџии.

-Нормално дека ни недостигаат тие средби, но сепак таа средба мора да остане и ќе остане. Црвенџиската средба поради мерките моравме минатата година да ја откажеме, а најверојатно тоа ќе биде така и годинава. Но сакам да ги смирам сите, дека оваа „глупост“ со пандемијата ќе помине и пак ќе ја организираме нашата средба и ќе се радуваме на местото каде сме родени и каде каменот си тежи на своето место, додава Васев.

Друштво на делчевскиот иселеник во Македонија му правеше и неговата пријателка Далиборка Лискијевиќ од Хрватска, која беше воодушевена од она што го виде и доживеа за неколкудневниот престој.

-Прекрасно ми е, многу е убаво, се чувствував навистина добро што поминав неколку дена овде кај вас, истакна Лискијевиќ.

Крајот на посетата на родниот крај, иселеникот со делчевско потекло го искористи да ги поздрави сите свои пријатели и роднини и да порача дека сите кои размислуваат за Германија, да имаат трпение и дисциплина и со сигурност ќе ја пронајдат својата среќа и заработувачка.

Сигурен е дека пандемијата бргу ќе заврши, по што повторно најави посета на родната Македонија, Делчево и своето село Бигла. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*