Порака од вработените во градинката „Весели Цветови“: Вакцинирајте се, за да бидат здрави вашите деца!

Две возрасни групи на деца кои посетуваат градинка и двајца негуватели и еден воспитувач од делчевската градинка Весели Цветови се во изолација поради случаи на Ковид-19 во установата. Како што информираше директорката на градинката Билјана Симовска, изолацијата на вкупно 27 дечиња завршува на 16 април годинава, по што градинката ќе функционира со полн капацитет.

-Најголем дел од персоналот ја има прележано болеста, така што може да се каже дека има имунитет во установата. Сите позитивни се со лесни симптоми немаат здравствени проблеми. Во делот на позитивни дечиња откако имаме почнато со работа, во градинката имаме 4 случаи на деца заболени од Ковид-19. Помеѓу самите нив трансмисија немаме, поголем дел од трансмисијата е помеѓу персоналот, вели Симовска.

Во таа насока додава дека вакцинацијата е од огромно значење во целиот процес на згрижување на децата.

-Првиот пат кога ни стигна допис јас им кажав на вработените дека многу е битно за економската страна на државата да функционираат градинките за да можеме да ги згрижуваме дечињата. Затоа секој оној кој може да ја прими вакцината, порачувам задолжително да ја прими, бидејки се штити самиот себе, ги штитиме децата, се заштитуваме од родителите, а дополнително и ние ги штитиме нив, за да „не дај Боже“, ако се случи нешто, да поминеме полесно, додаде Симовска.

Негувателката Верче Златковска која ја има примено првата доза од вакцината против Ковид-19, порача до сите родители кога ќе бидат во можност да се вакцинираат најмногу заради своите деца.

-Вакцината за мене лично значи мое лично здравје, здравје за овие мали души што ги чуваме и пред се општествена одговорност. За мене вакцината значи создавање на антитела и добивање на имунитет кој ќе не штити сите. Апел до родителите кога ќе бидат вакцините достапни до сите, дека треба сите да се вакцинираат, рече Златковска.

Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски кој денес поразговара со дел од персоналот кој ја прими вакцината, истакна дека радува фактот што имунизацијата во Делчево е прифатена од повеќето граѓани.

-Во Делчево согласно со националниот план за вакцинација на критичната инфраструктура и повозрасните наши сограѓани кои се вакцинираат на пунктот во Делчево, досега се вакцинирани околу 300 граѓани. Во оваа фаза се вакцинираа вработени во градинката, полицијата, наставници од основните училишта кои држат настава со физичко присуство, како и здравствени работници во јавното задравство кои веќе ја примија и втората вакцина.

Во таа смисла овие кадри кои се најизложени на контакти и се најпотребни за функционирање на овие битни институции, го препознаа значењето на вакцината, како единствен начин да се победи коронавирусот, посочи Трајковски.

Упати апел граѓаните и понатаму да се придржуваат до превентивните мерки за заштита од Ковид-19 и да се пријавуваат за вакцинација, која според него е единствено оружје за борба против вирусот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*