Се гради нова водоводна линија во каменички Павлиш Дол

Во Павлиш Дол, атар на каменичкото село Моштица започна изградбата на нов водовод. Од општината информираа дека градежните активности оофаќаат изградба на водоводна линија и нов резервоар.

-Водоводна линија на која се работи е во должина од 2400 метри. Паралелно се гради и нов резервоар за трајно решавање на снабдувањето со вода за над 150 домаќинства, истакнаа од општината. 

Во рамки на своите работни обврски, увид во градежните работи изврши градоначалничката Соња Стаменкова, која додаде дека за реализација на проектот од општинскиот буџет се издвоени 10.148.000,00 денари.

-Изведувач на градежните работи од оваа активност е „Цвет Компани“ ДООЕЛ Скопје. Се надеваме дека ќе се запази рокот за изградба на водоводната линија, со што на жителите од Павлиш Дол  конечно ќе им се реши долгогодишниот проблем со водоснабдувањето, додаде Стаменкова.

Од општината најавија дека во наредниот период ќе продолжат и останатите градежни активности кои беа најавени како приоритет во тековната 2021 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*