Потпишан договорот за реконструкција на водоводна линија на Беровско Езеро

Потпишан договорот за реконструкција на водоводна линија, секундарна и примарна мрежа во туристичка  населба Беровско Езеро. ОД општината информираат дека станува збор за прироритетен проектот кој е истакнат како приоритет на средбите кои во изминатиот период се реализирани со сопствениците на викендички од туристичката населба Беровско Езеро.

-Општина Берово продолжува интензивно  да работи во насока на развој и ппдобеување на условите за туризам. За таа цел потпишан е договорот за  „Реконструкција на водоводна линија, дел од секундарна водоводна мрежа  и поврзување на нов резервоар со примарна водоводна мрежа во туристичка населба Беровско езеро, во општина Берово“. Проектот е истакнат како приоритет и на средбите со граѓани, кои што беа остварени во процесот пред креирање на општинскиот буџет за 2021 година, истакнаа од Општината.

Истиот според надлежните ќе понуди решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во туристичката наслеба Беровско Езеро.

-Во рамки на реализацијата на договорот иститот ќе биде изграден на потегот помеѓу веќе постоечките резервоари и во значителна мера, ќе ги подобри условите за развој на туризмот. Туристичката населба Беровско Езеро, во моментот има дел од секундарна мрежа, но со новата линија ќе се обезбедат количини, со кои ќе се покрие преостанатиот дел од населбата и  домаќинства. Низ целата мрежа, се предвидени воздушни и испусни вентили, сместени во посебни шахти или се комбинирани, додадоа од Општината.

Во проектот како што додадоа се предвидени и подземни против пожарни хидранти. Средствата во износ од околу 7,1 милион денари се обезбедени од Европска инвестициона банка и Владата на РСМ,  а целокупната постапка  е спроведена преку Министерството за транспорт и врски

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*