Три златни медали за Стаменковски од „Стрит-лифтинг опен“ во Србија

Каменичанецот Бошко Стаменковски со три златни медали се враќа од Крагуевац, Р Србија, каде викендов учествуваше на „Стрит-лифтинг опен“ во Крагуевац, Р. Србија. Медалите Стаменковски ги освои во три дисциплини во кои пријави учество.

-Бев најдобар во склекови (50 кг) за натпреварувачи до 80 килограми, прво место освоив и во дисциплината „чучањ“ за натпреварувачи до 74 килограми со подигнати 120 килограми и дисциплината „пропаѓање“ (дипс) до 74 килограми со подигнати 75 килограми. Благодарност до организаторите за поканата за учеството на овој настан кој се реализираше со почитување на мерки за заштита од Ковид-19, истакна Стаменковски.

Бошко Стаменковски е еден од ретките во Македонија кој се занимава со малку познатиот „Пауер лифтинг“. По големите успеси на меѓународен план последните години, неговиот квалитет и успеси ги препознаа првите луѓе на Олимпискиот комитет на Македонија кои пред неколку дена потпишаа заеднички договор за соработка и финансиска помош. 

Стаменковски е носител на светски рекорд во правење склекови, за една минута има направил 77 склечкови со заклучување, рекорд кој го постави во декември 2018 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*