Беровската администрација спроведе еко акција по повод Денот на планетата Земја

По повод Денот на планетата Земја, службите од Општина Берово, денеска спроведоа еко акција на место викано ,,Преведена”.
Кон акцијата се приклучија и вработени во ЈПКР ,,Услуга” и жители од туристичка населба Суви Лаки.

Соберени се големи количини комунален, кабаст и електронски отпад и исчистена е месноста викана ,,Преведена”.

Целта на акцијата, како што истакна Градоначалникот Пекевски, е да се подигне свеста кај граѓаните, кон поголема грижа за природата, да се намали загадувањето и секој да допринесе кон поздрава и почиста животна средина, зошто само така, како што додаде, ќе си го направиме животот поубав и ќе ја зачуваме планетата Земја.

Денот на планетата Земја, се одбележува ширум светот на 22 април, а за првпат е одбележан во САД, во 1970 година, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*