Врвот Планиница на агендата на ПСК „Голак“

Промотивните планинарски маршеви во Пијанец и денес продолжија од страна на членови на ПСК „Голак“ на чија агенда денес беше врвот Планиница. Должината на патеката кко што информираше претседателот на ПСК „Голак“ Љупчо Чучуковски изнесувала 25 километри.

-Денес, придржувајќи се на мерките КОВИД 19, со сосем мал ветар, по идеално сончево време со температура од +16 степени и 100 % позитивна енергија од прекрасната екипа на ПСК ГОЛАК Делчево, направивме една планинарска кружна тура во вкупна должина од 25 километри.

Почетна точка и маршрутата на движење на планинарите била следната:

  • Град ДЕЛЧЕВО 595 м.н.в
  • Врв ОСТРЕЦ 1034 м.н.в. (прв врв на ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ)
  • Влаовец 910 м.н.в.
  • Црна Скала 960 м.н.в. (некогашен турски граничен премин кој денес не функционира,односно каде се спојуваат ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ со планината ВЛАИНА)
  • Врв ПЛАНИНИЦА 1180 м.н.в. (граничен камен 75 од 1913 година, каде постојат сеуште рушевини од некогашната караула од кралска Југославија, подоцна од Социјалистичка Федеративна Република Југославија)
  • под МАЛИ ВРВ 1137 м.н.в
  • Јанкова Могила 1000 м.н.в
  • Смаилово Место 830 м.н.в
  • Стари Дол 690 м.н.в. (кај водопадот,односно каде се спојуваат реките Црварица и Стародолска и ја формираат река Габровчица)
  • Приградско село Габрово 650 м.н.в. (на планината ВЛАИНА)
  • ДЕЛЧЕВО 595 м.н.в

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*