По повод Европската недела на имунизација во Делчево доделени 10 хуманитарни пакети на семејства кои живеат во социјален ризик, а кои изминатата година добиле новороденче. Во рамки на активностите како што информираше Зоран Биковски од Невладината организација „КХАМ“ доделен е и пропаганден материјал за значењето на имунизацијата.
-Целта на оваа активност која се спроведува повеќе од 10 години во Делчево е да се скенира состојбата на терен, да се проверат картоните за имунизација кај децата до 1 година, како и да се подигне свеста за важноста од редовната вакцинација, истакна Биковски.

Со високиот степен на имунизација на населението како што додаде Игор Жежовски од ЕЛС Делчево се добива колективен имунитет со кој се спречуваат разноразни заболувања, како кај возрасните, така и кај децата.
-И годинава како општина активно се вклучивме со прехранбени проекти, поразговаравме заедно сите и во таа насока наша заедничка констатација е дека треба заедно да се имунизираме сите, рече Жежовски.

Од здравствен дом додадоа дека покрај актуелната имунизација против Ковид 19, последните неколку години во државава е осовремен календарот за имунизација со воведување на две нови вакцини, против ротавирус и пневмококна вакцина.
Мирела Џитанова, мајка на едно од вакцинираните новороденчиња дополни дека имунизацијата годинава тече во најдобар ред.
-Секој месец го носиме бебето на вакцинација на контрола. Досега 4 до 5 вакцини има примено и се е во ред, кажа Џитанова.
Акцијата на која годинава се дава посебен аспект на имунизацијата против Ковид-19 е во организација на НВО КХАМ и Општина Делчево, а со поддршка на Здравствениот дом во Делчево.
Leave a Reply