Желбата да вози „фиќо“ во Луксембург, голем мерак за делчевецот Никица Пецов !

Популарното „фиќо“ или Застава 750 на делчевецот Никица Пецов, наскоро ќе се вози низ улиците во Луксембург. Средствата кои Пецов ги потроши за целосно да го обнови легендарното југословенско возило не вредат ништо во замена за како што вели неговиот мерак да го вози низ луксембуршките улици и тоа на делчевски регистерски таблички.

-Меракот да имам ваков автомобил е голем. Сакав да го имам и направив се што треба за да изгледа како што треба. Идејата за овој мој потфат е со моите пријатели во Луксембург да направиме една мала споредба со италијанското фиќо, кое малку повеќе се вози таму, вели Пецов.

Иако возилото е старо над 40 години изгледа навистина одлично откако Пецов потрошил средства за негова реставрација. Возилото тргна кон Луксембург и наскоро Никица ни вети дека ќе ни долови како ќе се „вклопи“ во новата средина.

Застава 750 (популарно наречен Фиќо) е автомобилски модел на производителот за автомобили Застава од Крагуевац. Автомобилот почнал да се произведува во 1955 како верзија на Фиат 600 под лиценца. Се произведувал до ноември 1985. Застава 750 има мотор со работна зафатнина од 767 см³ и со тоа е најмалиот автомобил од оваа марка. Кон средината на 70-тите излегува и моделот Застава 850, ист како и претходниот, само со поголема кубикажа. Моторот бил позајмен од Фиат 850.

Првиот модел се нарекувал Застава 750M, кој впрочем бил Фиат 600E, со нов мотор од 795 cm³, термостат и затворен систем на ладење. После тоа доаѓа моделот 750S, со променет интериер, нов брзинометар и волан кои се преземени од Фиат 126 „Пегла“. Застава 750 S (Специјал) продолжува да се произведува со подобрен мотор од 22 kW, што овозможувал максимална брзина од 120 км/ч. Во тоа време, па и сега, мотор со зафатнина од нешто повеќе од 0,7 литри е прилично достоен перфроманс. Во 1980 година на белградскиот автомобилски саем, претставен е моделот Застава 850, кој во основа е истиот 750S, но со мотор од 843 cm³ и 23,4 kW преземен од Фиат 850. Моделот 850 има максимална брзина 125 км/ч. Од тогаш почнува производството на следните верзии 750L/850L – 750LE/850LE – 750SC/850SC.

Овој автомобил сѐ уште се вози низ просторите на поранешна Југославија.

Во продолжение неколку видеа за тоа како изгледа „љубимецот“ на делчевскиот иселеник:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*