Промовирана монографијата „За Делчево и животот на Делчевци од 1920-1960“

Во Делчево синоќа промовирана монографијата „За Делчево и животот на Делчевци од 1920-1960“ од авторот Љупчо Прачковски. Монографијата како што истакна промоторот Даниела Такева е уникатно дело кое го опфаќа животот на обичниот човек и неговото секојдневие од 1920 до 1960 година.

-Има многу книги кои изобилуват со историски факти и податоци, н ова дело зборува за животот на еден град. Тоа е животот на малите но големи луѓе кои го создавале Делчево. Прачковски инспирира со оваа книга, која ќе остане во аналите на развојот на Делчево и претставува аманет за сегашните и идните генерации кои треба да ја продолжат приказната за Делчево, рече Такева.

Рецензентот Миле Ѓорѓијоски кој потекнува од кичевскиот крај, додаде дека од книгата за Делчево доста научил за овдешниот живот заради што топло ја препорачува на читателите.

-Јас сум во Делчево од 1980 година, но не научив за Делчево ни една десетина од книгата на прачкоски што е само еден доказ колку вред и и колку е значајна за овој град. Порачувам на секој еден жител да ја има во своите витрини но и да ја прочита, кажа Ѓорѓијоски.

Меѓу посетителите на промоцијата беа и граѓани чии претци се дел од приказните во монографијата што за нив претставува особено воодушевување што можат да се потсетат на старите времиња.

-Мојот дедо е првиот жител на Делчево кој имал сопствено возило, тоа било околу 1920 година, а потоа бил и првиот возач кој возел на релација Делчево Скопје. Во книгата се споменати скоро сите мои блиски, дедовци и од едната и од другата страна, има слики од нив и стварно сум трогната од тоа што е напишано, истакна делчевката Соња Стоименовска.

На настанот присуствуваше и првиот Министер за одбрана во независна Македонија, Трајан Гоцевски.

-Јас сум запознаен со материјалот и ја гледав во аудио визуелна форма и сметам дека идејата е многу добра. Вакво дело зборува многу повеќе, одошто може да се случи по било кој друг основ и авторот треба да продолжи со документирањето на Делчево и да бидеме сведоци на уште еден том од оваа книга, рече Гоцевски.

Авторот Љупчо Прачковски најави продолжување на опишување на настаните кои се случувале во Делчево во периодот по 1960 преку сведоштва на граѓаните.

-И понатаму ќе ги посетиме граѓаните на Делчево да ја направиме втората наша книга а во исто време и новите серии, додаде Прачковски.

За своето дело авторот Прачковски доби признание во вид на плакета од градоначалникот на Делчео, Горан Трајковски кој дополни дека авторот во аналите на историјата на Делчево ќе биде запишан како еден од главните креатори за развојот на градот Делчево.

Во рамки на промоцијата извадоци од книгата читаа членови на Експерименталното театарче, а истата се организираше во рамки на одбележувањето на 7 Септември – Денот на ослободувањето на Делчево и 8 Септември – Денот на Незвисноста.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*