Економскиот факултет при УГД и „Флекс кредит” потпишаа договор за соработка

Компанијата ,,Флекс кредит” која неодамна ги прошири своите капацитети и во Делчево денес потпиша Меморандум за соработка со Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип од кој придобивка во вид на практични знаења, но и можности за вработување ќе имаат студентите на Економскиот факултет.

– „Флекс кредит“ е меѓународна компанија за финансирање која функционира во 4 држави, а во Македонија од март 2020 година. Со овој Меморандум се надевам дека ќе им дадеме можност на студентите од Економскиот факултет да допрат до реалната работна средина и да се вклопат во реалната работна структура. Соработката ќе се состои од два дела: прво сите студенти ќе поминат теоретска обука, а потоа и практика. Ќе им дадеме можност да работат со нашиот систем и со нашите клиенти и сето она што го имаат минато како теоретски дел, да видат како функционира во пракса. Се надеваме дека придобивките ќе бидат заеднички, така што би сакале на оние студенти кои ќе имаат заеднички интерес со нас да им овозможиме и работни позиции во „Флекс кредит“ – изјави Арсов.

Услугите на ,,Флекс кредит” во Делчево може да ги побарате во нивната канцеларија над PUB Делчево, а воедно и да ја посетите нивната веб-страница www.flexcredit.mk

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*