Петар Богдановски, македонски трикратен шампион и претставник на Светското првенство во боди-билдинг

Во продолжение ви го пренесуваме интервјуто со Петар Богдановски, млад спортист по потекло од Делчево, кој ќе ја претставува Македонија на 75-тото Светско првенство во Боди билдинг кое ќе се одржи во Santa Susana, Шпанија.

Богдановски го запрашавме за неговите почетоци во овој спорт, за досегашните успеси, за спомените од Делчево и пораката до сите млади кои сакаат да се занимаваат со спорт.

Делчево365: Како се роди љубовта кон Боди билдингот, од кога се занимаваш со овој спорт и кажи ни нешто повеќе за првата награда?

Петар Богдановски: Со Боди билдинг професионално се занимавам од 2018 година, во која за прв пат застанав на бина и се натпреварував. Инаку почнав да вежбам уште 2014 година на 15 годишна возраст. Најпрвин целта ми беше да покачам малку мускулна маса, бидејки бев доста слаб и да направам некое солидно тело за на лето, така речено ,,тело за на плажа”. Но, со тек на времето почнав да читам и учам како правилно да се хранам, како правилно да тренирам. Гледав на YouTube некои билдери како Jay Cutler и Ronnie Coleman, но и некои фитнес модели како Лазар Ангелов кој беше еден од најпознатите фитнес модели. Исто така Sergi Constance, Simeon Panda и Ulisses JR и си реков дека и јас сакам така да изгледам. Ако можат тие, зошто да не можам и јас.

И така се почна, оттогаш навлегов подлабоко, се фокусирав на тренинзи и квалитетна храна и цело време читав и учев во врска со боди билдингот и тоа што го учев го применував во пракса. И така почнаа да доаѓаат резултатите, јас постепено почнав да напредувам и кога се гледав во огледало како напредувам, си реков тоа е тоа. Ова сакам да го правам и се роди голема љубов спрема боди-билдингот. Така поминувајки одреден временски период јас направив голема промена на мојот физички изглед и си реков дека сакам да се натпреварувам. Се почна во 2018 година кога за прв пат излегов на сцена, се натпреварував во категорија Junior teens до 19 години каде имаше доста голема конкуренција, а јас го освоив бронзениот медал или така кажано бев трето место во мојата категорија.

www.delcevo365.mk: Ти претстои Светско првенство на кое со уште една натпреварувачка ќе настапиш деновиве, кажи ни нешто повеќе за тој настан и што беше условот да се биде дел од Светското првенство?

Петар Богдановски: Квалификациите за Светско првенство ги обезбедив со тоа што на Државно првенство Атлета на Македонија 2021 станав Државен шампион и победив во мојата категорија, Боди билдинг јуниори до 23 години. На 75 Светско првенство во Боди билдинг и фитнес кое ќе се одржи во Santa Susana. Шпанија. Ќе ја претставуваме нашата земја јас и мојата другарка (колешка) Мери Акиевска, која исто така е неколку пати Државен и Балкански шампион во категорија Wellnes Fitnes.

www.delcevo365.mk: Како би го опишал боди- билдингот, што е клучно за развојот на еден боди-билдер и колку исхраната игра клучна улога?

Петар Богдановски: Боди билдингот е индивидуален спорт кој бара многу голема пожртвуваност, посветеност, работа и дисциплина, истрајност, јак карактер, и најпрвин желба да се работи со голема љубов. Боди билдингот бара одрекување од многу работи, кои не одат во исти „кош“ со него. На пример нема пиење алкохол, пушење цигари, излегување по дискотеки итн…Затоа пак ќе напоменам, пред се важна е желбата и вољата, да се работи. Поради тоа што секој нема таков карактер и не може секој да се бави со овој спорт. За сериозни резултати треба и сериозен пристап и професионалност.

Боди билдингот е спорт во кој колку си спремен да дадеш (вложиш), од себе, толку и ќе ти се врати назад. За развојот на еден боди билдер е важно најпрвин да се има желба и визија која е целта и колку си спремен да вложиш и да се жртвуваш за да ја постигнеш таа посакувана цел. Секако дека клучна улога игра исхраната, еден од најважните работи во овој спорт е исхраната. Најголема и клучната улога ја има тренингот, мора да вежбате јако, напорно и интензивно, а потоа да му дадете на телото доволно квалитена храна или така кажано макро-нутриенти (протеин, јаглехидрати и масти) и визија и доволно одмор, за да може телото да регенерира и да напредува. Исто така за крај ќе ги додадам и суплементите или така кажано додатоци во исхраната, кои исто имаат голема улога, за да може квалитетно да се напредува, битни се, но не се клучен фактор, се може и без нив. Трите најважни работи се: Квалитетен тренинг, Квалитетна исхрана и Одмор и за крај под број 4 би ги ставил суплементите.

www.delcevo365.mk: Потекнуваш од Делчево, колку често си доаѓаш во родното место и какви спомени имаш од овде?

Петар Богдановски: Да потекнувам од Делчево, таму живеев до 14 годишна возраст и учев во основно училиште. Во Делчево доаѓам да речеме во месецот еднаш или двапати на викенд (одмор). Се зависи од тоа колку сум слободен и колку можам често да дојдам, но убаво е кога ќе дојдам неколку дена на одмор и ќе се тргнам настрана да одморам од сите обврски. Имам доста спомени од таму. Имам другари од детството кои се уште живеат таму, исто така имам и роднини и пријатели кои живеат таму. Моите блиски, татко ми, мајка ми, брат ми, дедо ми живеат во Делчево и секогаш е убаво кога ќе дојдам дома и ќе поминам време со моите блиски и пријатели. Исто така имам еден добар спомен, теретаната во Делчево Let’s Go која и ден денес работи.Таму почнав прв пат да вежбам, оттаму почна се и тоа е еден убав спомен и кога ќе дојдам во Делчево редовно ја посетувам теретаната и правам тренинзи.

www.delcevo365.mk: Која е твојата порака до младите кои имаат желба или веќе се занимаваат со некој спорт, кој е клучот до успехот, да останат приземни и да се бават со тоа што го сакаат?

Петар Богдановски: Мојата порака до младите е да спортуваат било што, не мора да е боди билдинг, било кој друг спорт, најважно е да се активни и да спортуваат, за себе најпрвин, за да бидат здрави и да изгледаат убаво. За тие што веќе се занимаваат со некој спорт, најпрвин нека не се откажуваат, за големи резултати и успех, треба време и трпение, но и напорна работа. За тие што имаат желба да спортуваат, нека почнат да спортуваат, нека бидат активни, нека не го губат своето време на непотребни работи, нека спортуваат и се хранат здраво, а со тоа ќе бидат здрави и ќе се чувствуваат убаво.

Инаку Петар Богдановски во моментот работи како персонален тренер кој држи персонални тренинзи. Стои на располагање за сите кои сакаат да го контактираат, за било какви совети и консултации. Во моментот Богдановски е трикратен Државен шампион на Македонија и лиценциран тренер од IFFB Светската федерација.

Официјални профили на трикратниот шампион:

https://www.facebook.com/TheNexttBigThing/

https://instagram.com/petarjr?utm_medium=copy_link

Контакт: bogdanovskipetar70@gmail.com

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*