,,Вечниот Бог” се пееше низ улиците на Делчево

Со песната ,,Вечниот Бог” во рамки на Бадниковата поворка која денес се одржа во Делчево најмалите им ги честитаа Божиќните празници на граѓаните. Поворката започна од црквата ,,Успение на Пресвета Богородица”, продолжи во центарот на градот, а потоа истата се движеше кон параклисот ,,Св.Климент Охридски” по што учесниците се вратија во делчевската црква.

Сара Ангеловска учествува во поворката трета година по ред и за неа е задоволство на ваков начин да се одбележи Христовото раѓање Божик.

-Со оваа поворка го најавуваме Христовото раѓање, сакам да им го честитам на граѓаните празникот Божик, рече Ангелова.

Ова е прво учество да пее за Бадник и Божик на малиот Бојан од Делчево, кој исто така не заборави да им ги честита празниците на граѓаните на Делчево.

Граѓаните кои излегоа на улиците да ги поздрават учесниците им подарија пригодни подароци посакувајки им успешна 2022 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*