Закажан состанок ,,За спас на Калиманско Езеро”

Закажан состанок како дел од иницијативата насловена ,,За спас на Калиманско Езеро”. Состанокот го организира Невладината организација ,,Валхала Фин”, а како причина за средбата од Невладината организација ја наведуваат голема еколошката катастрофа што се случува на водите и бреговите на езерото Калиманци, предизвикана од надоаѓање на огромни количини на отпад и шут од реките кои се влеваат во езерото. 

-Ова загадување предизвикува голема загриженост кај нас граѓаните на Македонска Каменица, и ние како НВО сектор кој во своите програмски определби и цели на делување го има зачувувањето на животната средина се чувствуваме повикани да делуваме на било кој начин со цел да го спречиме загадувањето на езерото, истакнаа од Невладината организација Валхал.

За таа цел како што напоменаа на средбата ќе бидат поканети претставници од рудник САСА задолжени за заштита на животна средина и екологија, претставници од општината за екологија, градоначалникот на М.Каменица и претставници на Советот, директорот на Ј.П. Камена Река, претставници на М.З.Ш.В – Делчево, министерство за животна средина и просторно планирање и инспектор за животна средина.

-Ги повикуваме и останатите чинители на овој состанок на кој ќе се расправа за идните чекори на делување (акциски план) кои секој од нас како општествен чинител ќе треба да ги преземе, со цел езерото Калиманци достојно и во вистинска смисла на зборот да заживее како рекреативно-спортска и туристичка точка, додаваат организаторите.

Состанокот ,,За спас на Калиманско езеро,, ќе се одржи на ден 18.01.2022 од 17 часот во просториите на КИЦ Романса.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*