И по 30 години се уште неодгатнато убиството на 39-годишен жител на село Полето

Пишува Крум Николовски:

На денешен ден (24.01.1991) точно пред 30 години, утрото спроти тогашна “Југосуровина” беше пронајдено безживотното тело на 39 годишниот Павле Стојмирски.од с. Полето. Беше буквално масакриран. Скршени череп, коски на рацете и нозете, страотна глетка. Убиствата во нашиот крај се реткост. Оние кои се случуваат, обично се при тепачки со очевидци. Ова не беше такво, како, и прегазувањето во 1998 на војник на АРМ.

На 9 – годишнината на убиството напишав текст во весникот “Пијанечки глас” и разговор со неговиот, сега покоен татко. (Весникот го покренавме неколкумина ентизујасти, меѓу кои и јас, како член на уредувачкиот одбор).

Лично верував дека убиецот или убијците на Павле ке биде/ат фатени, со обзир на фактот како Павле живееше. Не пиеше, не пушеше, во меана никогаш не влегол… За љубовни авантури и коцка не стануваше збор. Остануваа само причините околу имотни расправии.

Поминаа цели 30 години, дали истрагата е затворена, или уште се трага? Важно е што тогашните инспектори од полицијата не открија ништо. Тоа сега не е воопшто важно. Трагите на убијците ги покри времето. Немаше ниту осомничени. Вистината за убиството на Павле остана во неговиот гроб.

Линк до оригиналната објава: https://www.facebook.com/100011090024608/posts/1273570303022625/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*