,,Делчевска Куќа” домаќин на музичка дружба на музичари од регионот

Членови на музички групи, солисти и инструменталисти синоќа во Делчево се собраа на заедничка музичка дружба заедно со колеги од Македонска Каменица, Пехчево и беровско Русиново. На настанот царуваше убавата македонска песна, се пееја познати кафеански хитови и сето тоа зачинето со музичко меѓусебно ,,натсвирување” и пеење што беше вистински показател за нивната огромна љубов кон музиката во вистинска смисла на зборот.

Иако на настанот беа поканети уште многу други имиња познати на овдешната музичката фела, поради оправдани причини, нивното присуство беше навремено откажано.

Се на се една одлична помината вечер со музичари кои непрекинато повеќе од 5 часа, комуницираа преку инструментите заслужувајки чиста десетка, во релаксирачкиот амбиент на ресторан ,,Делчевска Куќа”.

Во продолжение извадоци од настапите на:

Ејуп Оџов (гитара), Тони Цоневски (виолина), Горанчо Ќурчиски (вокал) Ванчо Велиновски – Црнио (вокал и гитара), Дејан Ѓеорѓиев Модерато (вокал), Горан Жежовски (вокал и клавијатура) Георги Арсов (вокал и клавијатура), Даме Манов (вокал и клавијатура), Ферки Сакс (саксофон) Злате Национал Јовановски (клавијатури) Дејан Глинџарски – Национал (вокал), Секо (вокал и клавијатури), Роберт Веселиновски (клавијатури), Христијан Веселиновски (саксофон), Игор Јанкуловски (хармоника).

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*