М.Каменица: Локалната власт најави зголемување на бројот на паркинзи

Локалната власт најави зголемување на бројот на паркинзи во М.Каменица. Паралелно со зголемувањето на бројот на паркинзи како што информираа од Општината ќе се уредува и просторот околу Градскиот стадион во М.Каменица. 

-Како општина во соработка со Јавното претпријатие “Камена Река” планираме изградба на неколку паркинзи во деловите каде тие недостасуваат, а некои паркинзи ќе бидат проширени. Паралелно ќе се уредува просторот околу Градскиот стадион, а ќе биде изградена и нова пристапна патека до трибинскиот дел на истиот, истакнаа од Општината.

Оттаму додадоа дека согласно планираните активности Јавното претпријатие ќе добие гаражен простор за возила и градежна механизација, како и сопствена перална за возила и машини. 

Од ЈП ,,Камена Река” соопштија дека со цел разубавување на централното градаки подрачје годинава планираат засадување на повеќе од 20.000 цвеќиња и повеќе од 1 000 нови зимзелени и листопадни дрвни видови

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*