
Во Делчево доделени благодарници за учесниците на Литературниот и Ликовниот конкурс кој се организира во рамки на настанот ,,Делчево во чест на Гоце”, како дел од одбележувањето на 150 годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев. По тој повод денес директорката на Јавната локална библиотека Биљана Петровска им додели благодарници за учесниците на конкурсите на кои им се заблагодари за покажаниот интерес:
-Како што веќе информиравме, Општина Делчево и КУД„Гоце Делчев“ –Делчево,организираат активности по повод одбележувањето на 150 години од раѓањето на великанот Гоце Делчев.ЈЛБ „Илинден по тој повод организираше мини изложба под мотото„Делчево – во чест на Гоце“. На изложбата учество земаат неколку ученици, јавно им се заблагодаруваме на
1.Софија Арсовска
2.Катерина Трајковска
3.Мелита Стоименовска
4.Сара Стојмирска
5.Јоана Симоновска
6.Антонела Николовска
7.Павел Јангеловски
8.Сара Ангеловска
Заедно со КУД„Гоце Делчев“,ЈЛБ„Илинден“-Делчево, распиша и награден литературен конкурс на тема„Гоце – наша ѕвезда водилка“. Од име на ЈЛБ„Илинден“ упатуваме јавна благодарност до
Учениците од СОУ„М.М.Брицо“:
1.Андреа Димитровска
2.Теодора Тодоровска
3.Сандра Марковска
4.Ева Ивановска
Потоа од ООУ„ Св. Климент Охридски“:
1.Сара Ангелова
2.Ана Стоименовска
3.Никола Ангелов
4.Ива Цонева
5.Ангела Џаџова
Од ООУ„ Ванчо Прке“:
1.Искра Георгиевска
2.Викторија Мирчевска
3.Ања Димитровскa
4.Фатима Ајрадинова
5.Антонела Николовска
Дел од цртежите и од творбите ќе бидат претставени и на Свечениот концерт по повод одбележувањето на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, кој ќе се одржи во петок, во спомен домот АСНОМ со почеток во 19 часот, кажа Петровска.
Во продолжение изјавите на Петровска и уметничкиот раководител на КУД ,,Гоце Делчев”, Зенил Реџепов:
Leave a Reply