,,Патфајндерс” го објави календарот на зимски искачувања на планински врвови во Малешевијата

Беровското здружение ,,Патфајндерс” го објави календарот на зимски искачувања на познати врвови во Малешевијата. Првиот врв кој е на агендата на беровските авантуристи е ,,Иљов Врв” на 1801 метар надморска височина.

-Со голема чест и задоволство на љубителите на планината и спортскиот дух го претставуваме календарот за викенд активности за периодот кој ни претстои. Започнуваме со искачување на Иљов Врв во недела на 6 февруари, за што упатуваме отворена покана до сите добронамерници, љубители на планината и природата и авантуристи да земат учество во овој зимски поход, се вели во објавата на Патфајндерс.

Според предвиденото во периодот февруари – март, според календарот на здружението, планирани се и искачувања на врвовите Петлец, Клепало, Планиница, Сосна, Ченгино Кале, Кадиица и делчевски Голак.

– На оние кои ќе решат да ни се придружат во искачувањето на овие врвови, гарантираме прекрасна дружба и длабоки воздишки во убави моменти, додадоа од беровското здружение.

Патфајндерс е Здружение за планински спортови, туризам и млади „Патфајндерс“ формирано во 2020 година, со главни активности насочени кон промовирањето на планинарството велосипедизмот, кампингот и офф роуд авантурите во Малешевијата преку активирање на младите кон овие спортови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*