Голема поддршка од сточарите за Александар и неговото семејство

При вчерашната посета на Александар Мачевски во селото Робово и објавеното видео каде што сточарот Мачевски ја образложи случката со јагнето за која од здружението „Анима Мунди’ го обвинуваат за малтретирање врз животно, голем број на граѓани од целата држава застанаа зад Александар. Коментарите на социјалните мрежи се во корист на Мачевски, па граѓаните реагираат до здружението за извинување до сточарот кој чесно и макотрпно си ја врши својата работа. Малешевци се згозени од наводното обвинение против него, велат дека се спремни за целосна поддршка на сточарот.

Еве дел од коментарите:

Александар Мачевски во неговото обраќање до јавноста истакна дека денес е на распит во полицијата и најави соодветни пријави за неоснованото обвинување и навреди, кои му го нарушило угледот и работата на неговото семејство.Тој додаде дека ќе организира мирен штрајк доколку биде обвинет со цел вистината да излезе на виделина, а позади него се очекува да застаната сточари и земјоделци од сите краишта на државата, како и граѓани од Малешевијата,Пијанец и пошироко.

Претходно Анима Мунди поднесе пријави до сите надлежни институции против наведениот инспектор кој бил присутен за време на снимање на посоченото видео со невиното животно, а реакции со осуда за случката имаше и од страна на министерот Љупчо Николовски и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Инаку Мачевски меѓу Малешевци е познат како вредна и чесна личност, кој долги години егзистира од одгледување овци и крави заедно се неговото семејство.Важи за човек кој ги сака животните и се грижи за нив како никој друг.Обвинувањата велат граѓаните се на погрешна адреса, бидејќи Мачевски е вистинската слика на човек кој одговорно ја продолжува традицијата чување овци, кои во последните неколку години во Малешевијата, бројот енормно се намалува.

Во продолжение изјавата на Александар Мачевски:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*