Делчевец кој работи во Дубаи, се приклучува на иницијативата за заживување на Голак

Делчевец кој работи во Дубаи, се приклучува на иницијативата за заживување на Голак која има за цел ревитализација на спортско-рекреативниот центар Голак. За иницијативата која ја покрена Претседателот на Советот, Гоце Попов веќе се пристигнати конкретни идеи и предлози, а една од нив е и на нашиот сограѓанин кој во моментот работи во Дубаи, дипломираниот градежен инженер м-р Влатко Димитровски, кој го достави своето Идејно решение и Проектна документација како предмет насловен: Урбанизација и визија за просторен развој на планината Голак.

За самиот Димитровски огромна чест и задоволство е со свој предлог, да даде придонес за заживување на Голак.

-Ме радува предложената иницијатива за заживување на Голак и враќање на поголем број на туристи на планината и во самиот град. Со ваквата иницијатива би се определил урбанистичкиот опфат на населбата Голак и неговите корисници и доколку има можност и за негово проширување. Во продолжение праќам Проектна Задача за Студија со Идејни Решенија, односно оформување на Содржина на Проектна Документација во која е опфатена Иницијативата за дефинирање на Урбанистичкиот Опфат и неговиот изглед. Покрај тоа потребно е и согледување на останатите параметри за комплетна реализација на ваков проект, односно решавање на водоснабдувањето и канализациониот систем на населбата Голак, се вели во објавата на м-р Влатко Димитровски.

Проектната задача за Студија ќе биде претставена пред присутните на најавениот состанок закажан за овој месец, на кој иако има огромна желба, поради работни обврски не може да присуствува и самиот Димитровски.

Очекуваме на состанокот Претседателот на Советот Гоце Попов да ги презентира своите видувања за оваа иницијатива, за која како претходно информиравме има интерес од десетина наши инженери, урбанисти и архитекти, а воедно да бидат дефинирани понатамошните активности за самата иницијатива.

Линк од првичната објава за оваа иницијатива:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*