ЖРК ,,Струмица” за нијанса подобри од пионерките на ЖРК ,,Брегалница +”

Женскиот ракометен клуб ,,Брегалница+” со пораз против екипата на ЖРК ,,Струма” ги стартуваше натпреварите во пионерска конкуренција како дел од пролетниот дел во оваа конкуренција.

Според информации од стручниот штаб, искуството на Струмичанки било пресудно во одлучувањето на името на победникот на овој дуел.

Но, што е тука е велат од домашниот табор, кои веќе во следното коло во салата ,,Методи Митевски – Брицо” во Делчево го играат дербито против лидерот ЖРК ,,Делчево”, кои вчера ремизираа во Штип против екипата на Астибо.

Почетокот на натпреварот помеѓу ЖРК ,,Брегалница +” и ЖРК ,,Делчево” е закажан за 19 февруари 2022 со почеток во 11 часот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*