Млади во посета на Центарот на Природна Перспектива во Стар Истевник

Објава на Природна Перспектива:

Во саботата бевме посетени од Regionalen centar za zastapuvanje – Delcevo и нивни партнерски организации од Бугарија и Португалија, како дел од проектот ECO MAP, во нашиот центар во с. Стар Истевник.

Таму се сретнавме со млади ентузијасти, членови на овие здруженија со кои ни беше особено драго да го споделиме нашето искуство во областа на одржливоста, пермакултурата, волонтерството, како и искуството со Еразмус+ програмата.

Се надеваме дека ја поттикнавме желбата и ја разбудивме љубопитноста во вас, да истражувате и да се вклучувате во активности кои ќе придонесат за зачувување на нашата планета земја која е нашиот заеднички дом!🌳🌞

Се потсетуваме на сторијата која изминатата година ја снимивме во Центарот на Природна Перспектива заедно со домаќините и волонтерите од Португалија и Бугарија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*