Делчевски Џамоглед – Царевоселски Граѓанец

Пишува Крум Николовски:

НИЗ МОЈОТ ЏАМОГЛЕД 21 – ЦАРЕВОСЕЛСКИ ГРАЃАНЕЦ

Петнаесетти ден во месец Сечко. И навистина надвор ,,сече,,Температурата длабоко под нулата а северецот носи снегулки дури од ,,Острец”.

На ,,Banditenstrasse” или по наше ,,Шумкар шосе,, спроти бр.27 од рано изутрина двајца работници ,премрзнати од студ,со сајли се обидуваат да ја одзатнат канализационата цевка со пречник од 600 мм. Живеам во близина ,одам до нив и им велам ,,Еве дојдов да ви дадам морална подршка” Ме познаваат луѓето, па велат, има ли по безобразен народ од нашиот. Цевката е полна со комиње од сини сливи….

Навистина сливите оваа година премногу родија, ама тоа не е причина вие овде да смрзнете, велам јас. Море оваа година ич да не родат, да се исушат од корен, вели едниот. Ги оставив да си ја бркаат работата и се вратив да го напишам текстот.

Зборот ГРАЃАНЕЦ е кованица од Граѓанин и Селанец, кој одамна го има кажано еден од најдобрите наши литерати – Венко Андоновски.Тоа е човек кој ги изгубил селските манири, а градски не стекнал или обратно! Јас само го позајмив и во суштина ги именува онаа категорија на луѓе, кои само личат на луѓе. За жал ги има премногу. Се удирамо у грудима нашима ( З:Заев) дека сме за НАТО и ЕУ! За никаде не сме!. Ние сме само за овчари по нашите планини, ама мислам дека и за тоа не не бива.

Линк до објавата: https://www.facebook.com/100011090024608/posts/747445202301807/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*