Познатиот пица-мајстор Зоран Јовановски – Паламаро пред нови предизвици!

Претстојното учество на Светскиот пица-шампионат беше причина да направиме мини интервју со познатиот пица мајстор Зоран Јовановски – Паламаро (по потекло од М.Каменица), кој е назначен за ментор на македонскиот и српскиот тим, кој ќе се натпреварува на светскиот шампионат во Рим во Април, а воедно е поканет и да биде судија на овој реномиран настан.

Делчево365: Последното интервју кое го направивме со Вас, беше пред да започне пандемијата, тогаш требаше да започнете со интензивни курсеви за пица мајстори во Шведска. Што се случи со таа идеја?

Зоран Јовановски: Академијата во Шведска работи веќе две години и склучивме договор со две компании, кои имаат околу свои 70-80 ресторани. Обучуваме пица мајстори само за нивните потреби, а во последно време им праќаме и од Македонија.

Делчево365: Во Делчево и М.Каменица и воопшто насекаде, сте познати својата Академија која ја отворивте во М.Каменица, а сега сте во Кочани. Како оди работата и што има ново во тој поглед, имајки предвид дека интересот за вашите курсеви беше огромен?!

Зоран Јовановски: Академијата работи со полна пареа, имаме студенти од секаде. Моментално курсот го заврши едно момче кој дојде од Црна Гора и кој е презадоволен и пресреќен колку многу и брзо научи и е спремен да си отвори своја пицерија во Подгорица. Исто така добивме лиценца и за трета Академија која ќе се наоѓа во Белград и имаме ексклузивно право за цела Србија. За сите тие успешни активности на академијата и мои лични, јас се здобив со втора златна ѕвезда од италијанската Accademia Pizzaioli.

Делчево365: Она за што всушност ве контактиравме за ова интервју е вашето учество на претстојниот Светски шампионат во правење пица во Рим. Кажете ни нешто повеќе за тој настан?!

Зоран Јовановски: За светскиот пица шампионат кој ќе се одржи во Рим на 25-26 Април оваа година, каде што ќе учествуваат околу 250 пица мајстори од целиот свет. Најпрво да кажам дека сум поканет да бидам судија на тоа најголемо натпреварување, кое воедно за мене претставува и најголем успех во кариерата до сега. Исто така ќе бидам и ментор на Македонскиот тим (Дејан Трајанов Чеде, Синиша Чамџиќ и Хисен Таири) кој ќе се натпреварува во три категории – Pizza Napoletana, Pizza Classica i Mistery box а ќе му бидам ментор и на единствениот Српски натпреварувач Дамир Карпузи, кој ќе се натпреварува во Pizza Napoletana.

Делчево365: Сите кои ве следат на социјалните мрежи, а доста добро сте застапени на Фејсбук и Инстаграм, можат да научат многу повеќе за самата Академија, за која мислам дека има уште нешто кое не го кажавме!?

Зоран Јовановски: Оваа година за прв пат имавме и тројца студенти со оштетен говор и слух кои успешно ја завршија обуката и спремаат своја пицерија во Битола.

Во продолжение неколку фотографии од актовнистите на Светскиот пица мајстор на кого му посакуваме многу успех на Шампионатот во Рим.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*