Делчевскиот вљубеник во олдтајмерите Лоренцо Трајановски подготвува нова ,,олдтајмер” атракција!

Најголемиот вљубеник во олдтајмерите од Делчево, Лоренцо Трајановски продолжува да придонесува за промоција на Делчево преку своите иницијативи за збогатување на туристичките атракции во градот.

Откако го подготви првиот музеј на олдтајмери во Источна Македонија, Трајановски деновиве интензивно работи на новата иницијатива која реши да ја претстави пред читателите и пошироката јавност:

-Во комуникација со Општина Делчево и градоначалникот наскоро почнуваме со поставување на еден украсен олдтајмерски постамент кој што ќе биде прв од таков вид, во Делчево, но мислам и во Македонија. Постаментот ќе се наоѓа на излезот од Делчево од десната страна во правец на селото Звегор.

Деталите се договорени, останува уште потврда од Советот на Општина Делчево. Планирано е и поставување на украсен патоказ со локации на познати места, исто така ќе имаме и други содржини, како на пример патокази за познати фирми од Делчево, за што ги повикуваме да се пријават за да се договориме како ќе одат работите, рече Трајановски.

Идејата на Трајановски е во склад со најавеното 6-то издание на Изложбата на олдтајмери која со учество на олдтајмери од Македонија и странство по 6-ти пат здружението King’s of the road’s на 17 април ќе го организира во Делчево.

Токму благодарение на Трајановски, заедно со Врање, Ниш и Белград и Делчево годинава се најде во календарот на Балкански Ретро кар собири.

Во продолжение потсетување на поранешните Ретро-кар собири одржани во Делчево:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*