,,Работнички спортски игри” во мал фудбал во Берово

Во Берово започна пријавувањето за ,,Работничките спортски игри” во мал фудбал. Целта на настанот како што истакнаа од општина Берово кои по пауза од една година повторно го организираат настанот е преку спортување да се подигне спортскиот дух во градот

-Настанот воедно се организира да се подобри соработката помеѓу институциите, и правните субјекти. Работничките спортски игри ќе се одржат во периодот март април 2022 година. Општина Берово, како домаќин -организатор на овие игри, ги поканува сите заинтересирани јавни институции, и правни субјекти, доколку сакаат да земат  учество, да се пријават  за учество  на работничките спортски игри, истакнаа од Општината.

Пријавувањето ќе трае до 25.02.2022 година (петок) до 14.00  часот.

-Турнирот е планирано да започне на 07.03.2022 година (понеделник). Пред почетокот на извлекувањето на групите, или распоред на натпреварите сите екипи се должни да достават точен список на вкупно 10 играчи  кој ќе биде на увид на сите екипи учесници, со сертификати за COVID -19  со примени две дози на  вакцини или сертификат за прележан COVID -19  не постар од 180 дена. Овој список ќе биде конечен се до завршување на турнирот и не се дозволени никакви измени во него, додадоа од Општината.

Пријавите може да се поднесат во просториите на Општина Берово, а за најдобрите учесници обезбедени се  пригодни награди од страна на организаторот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*