Старскиот дом во Берово ги подобрува условите за корисниците

Во тек се градежните активности за изградба на нов помошен објект во Домот за стари лица ,,др. Иван Влашки” во Берово, кој има капацитет од 39 места, за корисници. Новиот објект како што информираа од Општината ќе ја има намената за сопствена кујна, преку која корисниците ќе добиваат топли оброци. 

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој изврши увид во реконструкција на објектот истакна дека со ваквите активности установата ги унапредува условите за престој на корисниците. 
-Веќе подолго време планираме и конечно се реализира овој проект, кој се надеваме дека ќе биде на задоволство на нашите коирисници, а воедно ќе овозможи дополнителни работни места во установата и дополнителни социјални услуги, рече Пекевски.

Домот за стари лица во Берово како што додаде е единствената установа од ваков тип во источниот регион и унапредувањето на услугите во установата, според него е од големо значење за населението од источниот регион. 

Во изминатиот периот во установата е зголемен капацитетот, парково и урбано е уреден дворниот простор, се со цел што како што додадоа од раководството на установата да се подобрат условите за престој на корисниците.

Во продолжение неколку видеа за претходни активности во оваа установа:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*