Подемот и падот на Југовитропан – Делчево (7 дел)

Пишува: Крум Николовски

“ПОДЕМОТ” И ПАДОТ НА “ЈУГОВИТРОПАН” – ДЕЛЧЕВО ( 7)

Поради “нарушени” самоуправни односи, (работничкиот совет не одржуваше седници), како и неизборот на директор, СО – Делчево на седница на трите Собори на 26.06.1985 донесе Решение со кое бев именуван за ПРИВРЕМЕН УПРАВНИК на фабриката. Малку иронично, ме поставија да ги решавам проблемите кој не успеав да ги решам како в. д. директор.!

Димитар Мавродиев, како претседател на СО – Делчево ме посети во фабриката и ми кажа дека не можеле да најдат човек за привремен управник. Го почитував како човек, ми беше класен раководител, а подоцна и колега во гимназијата. Го замолив да се најде поскоро решение, иако како управник имав мандат од една година.

Имав право на плата во висина на платата што ја добиваа вработените со високо образование во Општината. Не ја користев оваа привилегија. Ја делев судбината на вработените. Ниту патни трошоци не земав.

Имав подршка само од Сребран Стоичов, тогаш претседател на ИС на СО. Ја затворив фабричката кујна. Дозволив кој сака може да остане дома а да добива 70% од платата. Многу работници го користеа тоа, поготово оние кои се бавеа со земјоделие или друга дополнителна работа.

Значи речиси пред 40 години јас ја “воведов сега актуелната ON LINE работа”.Шегата настрана, ги користев сите можни и “неможи” работи да можеме да исплаќаме плати и придонеси. Така беше до самиот крај на фабриката.Работниците ги праќав на сезонски работи во тогашниот ЗИК “Сандански”.

Помина цела година од моето ПРИВРЕМЕНО управување, и кога сметав дека дојде крајот на мојата голгота, како дежурен виновник за се, општината ги продолжи привремените мерки за уште една, за мене, бескрајна година. Повторно мене ме именуваа за управник.

Се надевав дека ке успеам да убедам барем некој од тогашните директори да се припоиме кон нив. Па така ги молев директорите на ШС “Голак”, “Технозавод”, и АТШ “Полет”.На мојата понуда дека имаме модерна (за тогашни услови) фабричка хала и голем стопански двор, како и работа за десетина работници, а за преостанатите 45 да се најде работа, лично јас да си заминам од фабриката, добивав секогаш одговор дека тоа е тешко изводливо.

Најчесен одговор и “родителски совет” добив од директорот на “Технозавод” – Благој Димитровски. Ми рече :”Крум, ние немаме производен погон, а ни треба. Јас за помалку од година дена ке одам во пензија. Ако спојувањето биде успешно, други ке си ја препишат заслугата. Ако пак биде неуспешно, вината ке ми ја препишат мене. Јас сум основач и прв и единствен директор. Сакам така и да остане. Го сватив човекот и си заминав.

Не можев да ги сватам и разберам тогашните директори Славе Петковски (шумско стопанство) и Атанас – директорот на “Полет”. И двете претпријатија немаа никакви просторни услови. Шумското беше сместено во национализирана мала куќа во центарот на градот, а расадникот и стовариштето оддалечени 2 км (новиот расадник).

АТШ “Полет” беа уште повеќе за жалење. Поправките на автобусите и на камионите ги вршеа на отворено, по дожд и снег. Нивно право беше што ја одбија мојата понуда.

Работите се сменија во Мај 1987 година. Се споивме со “Технозавод”. Ние “се оженивме” и нашиот влог беше 55 вработени, фабрика, залихи на филтер од околу 100.000 м2, исплатени сите плати и придонеси, вратени сите кредити. Големи количини на залихи од суровини и репроматеријали за понатамошно производство на стаклен филтер.

Технозаводци кај нас дојдоа со три леки коли стари повеќе од 20 години.

На ден 04.05.1987, по 12 годишно опстојување престана да постои “Југовитропоан” “. Моите премрежја продолжија уште цели 11 години. На самиот почеток на 1999 ја напуштив работата.
Две години покасно Илчо Илиев ме вработи во Општината. За тие 2 години сите пријатели се оддалечија од мене.

      (. Крај)

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*