Во Делчево се одржа првата средба во рамки на иницијативата „Ден на идеи за Голак“

Во Делчево се одржа првата средба во рамки на иницијативата „Ден на идеи за Голак“ на која присутните имаа можност да ги искажат своите мислења за заживување на туризмот на најпознатата делчевска планина. Настанот го организираше Претседателот на делчевскиот Совет и архитект Гоце Попов, кој очекува на наредните средби помасовно учество од граѓанството и делчевскиот бизнис сектор. 

-Од денешниот состанок произлегоа околу 20 идеи, кои во идниот период треба да почнеме да ги конкретизираме и реализираме. Од нас зависи дали после 1 година ќе бидеме на исто ниво, или ќе кажеме дека имаме напреднато во однос на овие идеи. Очекував поголема масовност на настанот, кој на моменти го дефокусиравме со проблеми, кои знаеме дека ги има, а целта беше да се соберат што поголем број на развојни идеи, кои ќе бидат од огромна бенефит за заживување на туризмот на Голак, рече Попов.

Очекува да се продолжи со ваквите средби, со што иницијативата според него целосно би вродила со плод. 

-Меѓу идеите кои присутните ги напоменаа во насока на придвижување на развојот на Голак како туристички центар се, правни решенија на посточеките проблеми со градбите на приватни сопственици, поголем број патокази и јавни тоалети, паркинг простор, заградување на спортското игралиште и изградба на стадион за припреми на спортски екипи. Исто така напоменати беа идеите за вцртување на крос патека и зајакнување на ендуро туризмот, реализирање обуки за локални водичи, изградба на туристички пункт, поделба на одморалиштето на повеќе сопственици кои ќе вложат во изградба на апартмани, Фестивал за млади и многу други идеи кои се нотирани и ќе се работи на нивна имплементација, додаде Попов. 

Како најголем проблем кој беше посочен на средбата во однос на рехабилитација на Детското одморалиште на Голак, беше посочен проблемот со водоснабдувањето, за што делчевскиот градоначалник Горан Трајковски посочи конкретни решенија кои најмалку би ја чинеле општината за реализација на оваа активност.

Како течеа дискусиите во рамки на денешниот настан погледнете во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*