Во беровско Двориште привршуваат активностите од проектот ,,Македонија без кал”

Со реконструкција на улица во центарот на село Двориште, привршуваат градежните активности по проект ,,Македонија без кал”, кој со поддршка од Светска банка, Општина Берово го реализира преку Министерството за транспорт и врски. Целта на реконструкцијата на овој пат како што информираа од Општината е обезбдување на поголема безбедност и подобра комуникација помеѓу населените места, како и значително подобрување на квалитетот на живот на жителите на село Двориште.

-Проектите за развој на модерна инфраструктура, во изградба на нови патишта, рехабилитација на регионални и магистрални патни правци, се рализираат со средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, со примарен фокус на  регионалното поврзување и посебен прироритет на локалните патни правци, со цел забрзан локален развој и модернизација на македонските општини, истакнаа од Општината.

Вршејки увид во градежните активности, градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски очекува придобивките од реализацијата на овој проект да бидат одржливи и да продолжат да траат во годините што следат.

Со завршувањето на активностите од овој проект, нова патна инфраструктура добија жителите од влезот во селото до ,,Чурилско маало” во должина од 3350 метри.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*