Каменичките пожарникари го локализираа пожарот кај селото Костин Дол

Локализиран пожарот кој денес околу 13 часот избувна во Штабско маало кај селото Костин Дол.  Како што информираше командирот на Територијалната противпожарна единица од М.Каменица, Малин Трајчевски во пожарот опожарена е борова шума во површина од 10 декари.

-Дојавата за пожар во ова маало или поточно кај месноста ,,Бачијата” ја примивме во 13:20 часот. Во гаснењето учествуваа 3 пожарникари, едно лице од Општина М.Каменица и 10-тина вработени во Јавното претпријатие Камена Река. Изгорени се околу 10 декари бор, кој е зафатен во ниските делови, додека нема штета на крошните, рече Трајчевски.

Апелираше на поголема ажурност на екипи на вработените во Шумско стопанство во иднина, чија реакција изостанала при денешната интервенција.

Пожарот како што додадоа од ТППЕ Македонска Каменица е ставен под контрола околу 16:00 часот, но екипи ќе останат на терен со цел спречување на евентуално повторно избувнување на нов пожар.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*