Во Делчево има доволно брашно, шпекулација е дека цените се покачени!

Во Делчево има доволно брашно, шпекулација е дека цените се покачени. Ова го тврдат од делчевската компанија МАНОВ ДОО од каде ги демантираа дезинформациите за недостиг од брашно:

-Како сериозна компанија Ве известуваме дека имаме доволни количини на брашно од сите видови и типови.Воедно ги демантираме сите дезинформации за недостиг и покачување на цените, истакнаа од МАНОВ ДОО на својата фејсбук страница.

Истото го потврдија и од останатите продавници каде напоменаа дека е зголемена продажбата на брашно, но потенцираа дека истото може да го набават во секое време.

https://www.facebook.com/1254058584607534/posts/5458501397496544/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*