Еколошкото друштво „Здравец 2002“ активен учесник во прекуграничниот проект за градење капацитети за одржливо користење на локалните еко-системи во планинските региони (САFLOCOM)

Еколошкото друштво ,,Здравец 2002″ кое годинава одбележува 20 години од своето работење продолжува со активното учество во реализацијата на прекуграничниот проект Градење капацитети за одржливо користење на екосистемските услуги од страна на локалните заедници во планинските региони (САFLOCOM).

Проектот е финансиранод Прекуграничната програма за соработка Interreg – IPA CBC 2014-2020 пomeѓу р Бугарија и Р.С. Македонија, број на договор. РД-02-29 68/05.03.2021

-Главна цел на проектот е зајакнување на соработката меѓу двете држави за подигнување на свеста на локалните заедници за животната средина заштита и одржливо користење на природните ресурси. Втората цел е да се постигне подобрен и синхронизиран капацитет во разбирање и рационално управување со планинските екосистеми, нивните ресурси и услуги, истакна Миран Митревски, претседател на Еколошкото друштво ,,Здравец 2002″.

Период на спроведување на проектот е 05.03.2021-05.06 2022, а водечки партнер Локалната агенција за економски развој Разлог, Бугарија додека како втое партнер се јавува Институтот за шумарство, како и Бугарската Академија на науки и уметности.

Главни активности во проектот како што додаде Митревски се:

  1. Организирање меѓународен семинар на тема “Зголемување на свеста и подготвеност за соработка во градењето на капацитетите на подобро управување со природните ресурси
  2. Анализа на влијанието на климата и промената на користењето на земјиштето врз услугите и ресурсите од планинските екосистеми во прекуграничната област
  3. Организирање меѓународна обука на засегнатите страни за градење на капацитети за ублажување на климатски промени и интегрирање на концептот на екосистемски услуги во локалното планирање и управување
  4. Изработка на долгорочна стратегија за унапредување на интеграција на концептот на екосистемски услуги во мрежата на заштитени области и територијален развој на планинските области
  5. Меѓународна завршна конференција
  6. Упатства за спроведување на најдобрите практики за управување на регионално ниво

Целни групи на проектот се локалните заедници од прекуграничниот регион, научници претставници на еколошки и младински невладини организации јавни институции одговорни за управување со природата, шумски стопанства, училишта, универзитети и други заинтересирани страни од двете земји.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*