Во Берово започнаа Работничките спортски игри

Одржување на физичката подготвеност, развој на тимскиот и спортскиот дух, како и подобрување на соработката помеѓу институциите е целта на Работничките спортски игри, кои после пауза од две години започнаа во Берово. Традиционалната спортска манифестација се одржува под организација на општина Берово, а игрите за отворени вечерва ги прогласи градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

-Ме радува фактот, што оваа година, голем број на ученици земаат учество во работничките спортски игри и што конечно во услови на пандемија од Ковид 19, успеавме да ги реализираме. Турнирот има за цел, да се подобри соработката помеѓу институциите, но и да се подигне спортскиот дух, да се градат врвни особини, каде дисциплината придонесува во успехот на сопствениот тим, рече Пекевски.

Годинава на настанот учествуваат 12 екипи, со што според организаторите се потврдува важноста на настанот и претставува дополнителна можност за унапредување на соработката на локално ниво.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*