Младите од Делчево сакаат поактивен социјален живот

Младите од Делчево сакаат да се активни на повеќе полиња и да имаат подобар социјален живот. Ова е заклучокот од заедничката средба начленови на Советот на млади на Општина Делчево и училишните заедници од Делчево која се одржа со цел информирање и застапување на интересите на сите ученици.

-Училишните заедници се состануваат секој понеделник и ги дискутираат актуелните теми од претходната и тековната недела. Со нив разговаравме за можна заедничка соработка и како можеме да ја унапредиме нивната работа, да се вклучи во решавање на некој проблем или да ги застапува нивните барања пред институциите, истакнаа од Советот на млади при Општина Делчево.

И двете страни се сложиле дека преку нивните програми на работа, годинава заеднички може да се реализираат повеќе активности во различни области.

-Исто така потенциравме дека е потребно да се обрне повеќе внимание на вклучување во проекти од Европските програми за да можат учениците да одат на размени и дa стекнуваат искуства, додадоа од општинскиот Совет на млади.

Средбата се одржа со претставници на училипните заедници во деветолетката ,,Ванчо Прке” и гимназијата ,,Методи Митевски – Брицо”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*