Се трага по 74 годишник од пехчевското село Црник

Пехчевската полиција се уште трага по 74 годишен жител на Црник, кој пред 3 дена го напуштил клиничкиот центар во Скопје и се уште не се вратил во родното село. Исчезнувањето како што информираат од полицијата го пријавила неговата сестра од Делчево.

-Пријавата ја добивме пред 24 чаза односно на 05.03.2022 во 20,15 часот. Имено во Полициска канцеларија Пехчево А.Ќ.(57) од Делчево пријавила дека нејзиниот брат К.Д.(74) од.с.Црник кој бил на лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје на 03.03.2022 по сопствено барање го напуштил Клиничкиот центар и се упатил во непознат правец, велат од полицијата. 

Оттаму додаваат дека до моментот К.Д се уште се нема вратено во неговиот дом во Црник. 

Во меѓувреме се преземаат мерки за пронаоѓање на 74 годишникот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*