На повидок враќање на фудбалските возбудувања во Делчево!

ФК ,,Брегалница Делчево”, ОФК ,,Малеш” Берово, Рудар од Пробиштип, Чешиново, Карбинци, Младост од Удово, Дојранско Езеро, Победа Валандово , Овче Поле – Свети Николе и Струмица Тиверија. Ова се екипите кои според планираното по долги одложувања ќе ја започнат новата сезона во Третата фудбалска лига – Исток за која се пријавени горе споменатите десет екипи.

Според информациите со кои располагаме ОФС Кочани одлучи новата сезона 2022 да започне на 19/20 март.

Распоредот ќе се знае по ждрепката која е закажана за петок, 11 март 2022.

Во продолжение се потсетуваме на еден од поефикасните натпревари кои ФК ,,Брегалница Делчево” ги одигра на Градскиот стадион во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*